речник контакт

Како да се дојде до огревно дрво?

Испораката започна со доделување на број со кој купувачот треба да дојде во определен ден и ги подигне дрвјата

Петар Печков

Тешко се доаѓа до дрва за огрев во Велес . Иако дел од семејствата имаат платено уште од април и мај, во нивните домови не е испорачано дрвото.  Трпеливост на овие граѓани е при крај, посебно откако оваа седмица температурите осетно паднаа.  

Тоа предизвика пред складот на ШС Бабуна од Велес, близу Топилницата да се создадат гужви. Уште рано наутро лицата кои платиле беа  таму и чекаа да се донесе дрво. Но малкумина имаа среќа да добијат дрва за огрев, останатите, повеќето,  мораа да дојдат следниот и следниот ден, во надеж дека конечно и нив ќе им дојде редот. Затоа разбирливо беше што се лути, гневни и разочарани.

Секое утро е иста слика. Ќе донесат неколку камиони а побарувачката огромна. Ќе им се додели на некои блиски, пријатели а за нас останатите дојди утре. Така е цела седмица. Имам уплатено од април месец - вели велешанец кој е еден од бројните што уплатил а нема добиено дрва за огрев.

Заради избегнувања на ваквата состојба во  четвртокот започнал нов систем на испорака на огревното дрво, со делење на бројче. Сега се закажува за кој ден во колку часот купувачот да дојде и ги подигне   дрвјата. Затоа е намалена гужвата, нема повеќе турканици па дури и закани со физички пресметки.

 Цената од 2350 бука и  даб 2450 за метар кубен,  што е далеку поевтино отколку во приватните складови,  беше причина за поголемиот дел  од семејствата од Велес, кои користа огревно дрво, истото да сед одлучат да го набават од ЈП Македонски шуми, подружница Велес.  Од таму во писмена форма информираат дека сите што платиле ќе добијат дрво за огрев.  

Уште еднаш истакнуваме дека огревно дрво во Велес има. Граѓаните кои претходно имаат уплатено за огревно дрво, секојдневно истите ги подигнуваат од Подружницата според распоред и динамика кој е точно утврден. Како јавно претпријатие одговорно истакнуваме дека сите , сите граѓани што имаат уплатено дрва ќе можат истите да ги подигнат пред почетокот на грејната сезона - уверуваат до ШС бабуна Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »